ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ТЕЛОТО КОГА СТЕ ЗАЉУБЕНИ?

1 октомври, 2021
480170_ljubav5_f

И од гледна точка на науката, заљубувањето ја менува личноста и физички и психички

Кога се вљубуваме, 12 делови од нашиот мозок се активираат, а утврдено е дека мозокот препознава заљgубување за помалку од една секунда, пишува „Journal of Sexual Medicine“.

И од таа секунда започнува поспаноста од несоница, заборавеност, па дури и фактот дека нашата храна има поинаков вкус. Погледнете што друго се случува кога човекот ќе се заљуби.

Заљубувањето влијае на нивото на хормоните и обично го намалува крвниот притисок, но од тоа нема да ви биде лошо.

Верувале или не, состојбата на заљубеност и размислување за некоја личност може да ве држи будни цела ноќ без да се чувствувате уморни.

Заљубеноста влијае на рецепторите на мозокот кои се активираат со аналгетици (лекови против болки), така што ќе бидете заштитени од болка.

Не е ни чудо ако не се сеќавате што разговаравте со некого пред околу половина час. Во состојба на заљубеност, мозокот ослободува окситоцин, хормон на љубовта, што влијае на намалувањето на меморијата, што ги отежнува концентрацијата и секојдневните обврски.

Дури и ако досега не сте биле љубоморни, кога навистина се вљубувате, љубомората се појавува сама по себе.

Американското психолошко здружение откри дека вкусовите се менуваат за време на фазата на заљубеност. Без разлика што јаделе, за љубените парови храната секогаш ќе има малку „сладок“ вкус.

Во просек, мажите се заљубуваат побрзо од жените и обично се првите кои велат „те сакам“, велат научниците од Универзитетот во Лајден, но жените побрзо откриваат во кого се заљубени – тие со нив зборуваат со повисок тон од вообичаеното.