Што велите на 3Д желе ноктите кои се нов хит ова лето?

6 јуни, 2021
nokti-1

Кога на инстаграм следите некои од најпознатите уметници за нокти ширум светот, честопати гледате одредена шема и дизајн на нокти што се случува во одредена сезона, па можете да погодите некои од претстојните трендови.

Еден од нив дојде од Кореја и Јапонија, и веќе се шири на американскиот пазар, а тоа се 3Д желе ноктите. Тие не се нешто на кое сте навикнале досега и навистина изгледаат како да сте залепиле гумени бонбони на вашите нокти. Не е нешто што сме навикнале да го гледаме во Азија, но дека ќе почне да се шири толку брзо низ остатокот од светот, со оглед на тоа што се навистина впечатливи и непрактични, мора да признаеме дека и тоа не изненади. Иако овој тренд сè уште не се шири во Европа, прашање на време е кога ќе почне, па подобро е веднаш да ве запознаеме со него.

Со оглед на тоа што овој тренд бара повисоко ниво на знаење и позадина во уметноста на ноктите, тешко дека ќе можете да го реплицирате дома, исто како што не секој салон веројатно ќе знае да направи што сакате. Но, ако истражите и пронајдете уметник за нокти кој работи со гел на прво место, големи се шансите и вие да можете да ги добиете. Станува збор за внимателно нанесување на многу слоеви млечен лак на кој постепено се гради и боја што е засилена со слоеви, додека облиците се создаваат од гелови и тенки четки за да го обликуваат она што сакате да го создадете, најмногу на вештачки, не на вистински нокти. Моментално најпопуларните 3Д желе нокти се инспирирани од овошје, но не недостасуваат ни еометриски форми или животински принтови.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi