Симптомите на Ковид може да исчезнат, но ова никогаш нема да се врати ако го изгубите (ФОТО)

19 јуни, 2021
199ff4f94c4ea1f2e9f659261471a98d91b54b33

Ковид пациентите, односно луѓето кои имале корона, можат да ги чувствуваат ефектите на вирусот со месеци по заздравувањето.

Ново научно истражување спроведено во Велика Британија покажува загрижувачки резултати, а тоа е влијанието на корона вирусот врз мозокот пред и по инфекцијата.

– Накратко, нова студија сугерира дека може да има долгорочно губење на мозочно ткиво поради короната, и тоа би имало некои долгорочни последици – рече Скот Готлиб, поранешен комесар на Администрацијата за храна и лекови и додаде:

– Симптомите на тоа можат да исчезнат, но никогаш нема да го вратите ткивото ако се уништи како резултат на вирусот – истакна Готлиб, кој учествуваше во одборот на производители на вакцините Фајзер.

Губење на мирис

Тој за CNBC објасни дека губењето на мозочното ткиво може да биде една од причините зошто пациентите заразени со вирусот корона го губат мирисот.

– Намалување на количината на кортикално ткиво се случува во области на мозокот кои се близу до местата одговорни за мирис. Она што тој го сугерира е дека мирисот и губењето на мирисот се само реакција на попримарниот процес што е во тек, и тој процес всушност го намалува кортикалното ткиво – заклучил експертот.

escort - Korsan taksi