СИТЕ ГО КОРИСТИМЕ МАСЛОТО НА ОВОЈ НАЧИН, А НЕ ЗНАЕМЕ ДЕКА ТАКА СЕ ТРУЕМЕ: Лекарите предупредуваат – предизвикувате сериозни болести

10 август, 2021
ulje-1

Според најновите истражувања, сончогледовото масло не е толку здраво како што се претпоставува. Научниците открија дека во одредени ситуации испушта токсини, а лекарите предупредуваат – пржењето во масло е многу штетно!

До пред неколку години, свинската маст беше на нутритивната црна листа поради маснотиите со кои е богата, а сончогледовото масло се сметаше за поздрава опција. Овој став, за кој се залагаа многу нутриционисти, во меѓувреме беше напуштен, па се повеќе се зборува за штетноста на растителните масла, кои најчесто се користат при подготовка на храна.

До неодамна, исто така, се веруваше дека путерот и полномасното млеко се штетни, но таа теорија е заборавена. Неодамнешните истражувања покажуваат дека овие намирници се всушност многу корисни за превенција од срцеви заболувања и дијабетес тип II, додека сега „здравите“ растителни масла се на листата на оние што му штетат на телото.

И покрај најновите откритија, сончогледовото масло се користи не само во Македонија, туку и во целиот свет за подготовка на храна. Кардиологот Асим Малхотра зборуваше за руските медиуми за тоа колку и кога е штетно. Тој ги наведе резултатите од студиите кои сугерираат дека сончогледовото, пченкарното и другите растителни масла, кога се загреваат, многу лесно се претвораат во токсични алдехиди кои се штетни за здравјето.

До неодамна, се веруваше дека овие токсични супстанции се создаваат само кога маслото се загрева до испарување (за сончогледово масло, тоа е 225 степени Целзиусови).

Мартин Грутвелд, професор на Универзитетот Де Монфорт во Лестер, анализирал примероци од сончогледово масло на кое е веќе пржена храна. Како што се испоставило, оваа намирница ослободува штетни состојки само кога е доволно загреана за да предизвика реакција со кислород.

Ако пржите храна во растително масло дваесет минути, нивото на алдехиди ќе биде 20 пати повисоко од максималното дозволено ниво поставено од Светската здравствена организација. Инаку, акумулацијата на такви токсини во телото може да доведе до разни здравствени проблеми, од дебелина, преку кардиоваскуларни заболувања, до дијабетес тип 2, деменција, а лекарите се повеќе споменуваат малигни заболувања.

Во исто време е откриено дека прекумерната употреба може да доведе до акумулација на маснотии во црниот дроб, што може да резултира со безалкохолен стеатохепатитис – болест која се јавува во позадината на замастен црн дроб, и која предизвикува бројни проблеми: хипертензија, дебелина, хронична хипергликемија, атеросклероза и друго.

escort - Korsan taksi