СИТЕ НИЈАНСИ КАФЕНА: Совршен маникир за крајот на летото и почетокот на есента! (ФОТО)

20 септември, 2021
257083_147429591-112417034167048-1291918281701180458-n_ls

Еден од најлесните начини за унапредување на изгледот за новата сезона е лакот за нокти.

Тоа е многу побрзо и не носи никаков ризик, како што е на пример промената на бојата на косата или нови шишки. Значи, ако копнеете за возбудливи нови работи, нека ова биде вашата прва ставка. Оваа сезона, покрај очекуваните пастелни и силни бои, има една нова боја на сцената за убавина која не сме навикнати да ја комбинираме со зборот „лето“, а тоа е кафеавата.

Сите нијанси на кафеава, од светла карамела до темни богати тонови се во игра, исто како и сите начини да ги носите. Ако сте за едноставност, доволно е само да нанесете два слоја и да ги оставите овие богати нијанси да си ја завршат својата работа. Од другата страна на спектарот, уметноста на нокти е исто така опција, од геометриски до цветни мотиви во стилот на седумдесеттите години.

Оваа боја е можеби најдобрата алтернатива на темно црвената и бордо, и ако додадеме дека е практично неутрална, всушност е чудно што ваков маникир дури сега се појави во првите редови на Инстаграм.

escort - Korsan taksi