Слабата и сува коса може да укажува на нарушување на тироидната жлезда – РЕАГИРАЈТЕ НА ВРЕМЕ!

12 јуни, 2021
kosa

Тироидната жлезда произведува хормони коишто содржат јод, кои се одговорни за производство на хормони кои го контролираат целото тело. Според Американското здружение за здравјето на тироидната жлезда, таа може да биде премногу активнa или неактивнa. Жените носат поголем ризик од ова нарушување.

Ако вашето тело произведува премногу тироиден хормон, имате хипертироидизам, а ако е премалку, тоа е хипотироидизам.

Најчестиот симптом на нарушување на тироидната жлезда што е јасно видлив е сува, груба и кршлива коса, а тоа е хипотироидизам. Од друга страна, хипертироидизам може да предизвика косата да стане премногу мека.

Експертите го објаснуваат ова со фактот дека хормоните Т3 и Т4 имаат влијание врз здравјето и состојбата на косата. Кога нивоата на овие хормони паѓаат надвор од нормалниот опсег, тоа влијае на развојот на новата коса во коренот на фоликулот на косата, што е поврзано со крвните садови. Ако тироидната жлезда не работи правилно, оваа врска е ослабена, а со тоа косата го губи својот квалитет. Прекумерното и брзо опаѓање на косата во одредени делови на скалпот исто така може да укаже на проблеми со хормоните.

Покрај промените што се видливи на косата, симптоми кои исто така можат да укажуваат на дефект на тироидната жлезда се промени во енергијата и расположението, нервоза, несоница, промени во апетитот, намалено либидо, ослабен менструален циклус, сува кожа, неправилна работа на цревата, метаболички нарушувања..

Ако забележите некој од овие симптоми кај себе, не ја одложувајте посетата на ендокринолог.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi