Со тебе сум тоа што сум! Пет комплименти кои секоја жена сака да ги чуе од нејзиниот маж!

22 август, 2021
469799_dvoje2_f

Жените ги сакаат мажите кои не се плашат да покажат дека се ранливи, кои велат дека со неа можат да бидат она што навистина се…

И навидум ледената и строга жена ќе се „стопи“ по искрен комплимент испратен до неа од мажот што ѝ се допаѓа. Жените сакаат да слушаат дека се посебни, дека мажот е слобден во нивно друштво, дека нивното мислење е навистина важно за мажите…

1. Нешто е неодоливо кај тебе

Тоа може да биде нешто на жената, нејзиното однесување, реакциите во одредени ситуации. Ако мажот каже „неодоливи ми се твоите дупчиња на образите додека се смееш“, жената сигурно ќе се „стопи“ “. На тој начин, тој покажува колку внимание посветува на малите нешта за неа или за нејзиното однесување, бидејќи секој сака да биде внимателно гледан од другите, а не површно.

2. Што мислиш

„Што мислиш за …“ е прашање што секоја нормална жена сака да го слушне од мажот што го сака или ѝ се допаѓа. Покрај тоа што ќе покаже дека смета дека жената е паметна, тој ќе покаже и како го цени нејзиното мислење и сака да знае како таа размислува. Жените ги гледаат таквите мажи како оние кои имаат потенцијал за квалитетна врска.

3. Убаво ми е со тебе

Жените ги сакаат мажите кои не се плашат да покажат дека понекогаш се ранливи, оние кои велат дека со неа можат да бидат она што навистина се. Покрај тоа, секоја жена е среќна кога слуша дека е пријатно во нејзино друштво.

4. Убаво мирисаш

Секоја жена сака да знае дека мириса убаво. Потоа се чувствува побезбедно и порелаксирано, а за добра атмосфера во врската или во креветот, тоа е многу важно.

5. Убава, привлечна и посебна

Да бидеме реални, нема човек на светот кој не сака да слуша дека е убав, привлечен и посебен. Жените се чувствителни на овие работи. Секоја жена сака да знае дека е неодолива за мажот, а особено ѝ се допаѓа кога тој тоа го кажува отворено пред другите луѓе.