Сонцето и солта на лето ја оштетуваат вашата коса! Со неколку едноставни трикови, можете да спречите пукање и оштетување

23 јуни, 2021
kosa-ccssss-Shutterstock-660x450

Без разлика дали пливате во море или базен, треба да ја заштитите косата од пукање во текот на летото.

На русата коса може да се појави зелена нијанса поради прекумерна изложеност на хлор. За да избегнете оштетување, треба да ја натопите косата во вода пред пливање. Имено, сувата коса делува како сунѓер, па затоа е важно да ја навлажните пред да влезете во базенот. Вака ќе апсорбира помалку хлор. По пливање, испирањето на косата со проточна вода треба да биде задолжително.

Во лето, фарбаната коса е особено оштетена бидејќи бојата оксидира поради топлината и сонцето, па косата станува сува. За да го вратите нејзиниот сјај, препорачуваме третмани со кератин. Тие ќе и дадат дополнителни хранливи материи на косата.

Исто така, важно е да се напомене дека честото миење на косата ги отстранува природните масла, што пак поттикнува дополнително производство на масло, поради што почесто ја миеме косата. Затоа, веднаш по пливањето, исплакнете ја косата со проточна вода, но без шампон.

escort - Korsan taksi