Совршено оди со ПАТИКИ: Ова е моделот на КОСТУМ во кој ќе се заљубите оваа ЕСЕН (ФОТО)

3 септември, 2021
efd37d7e9fa564c9ab307a4525e41027110851c6

Со костум не мора да се носат само чевли.

Костумите се широко носени на улиците на големите метрополи, а најпопуларниот модел е секако поширок од вообичаеното.

Сакото е малку подолго од вообичаеното, не е до половината и одлично се вклопува со широки панталони, кои не ја следат линијата на телото.

Иако патиките најчесто се носат со широк костум, тоа не мора да значи дека елеганцијата недостасува во овој случај. Напротив, затоа таквиот костум е хит оваа есен – комфор и удобност, но со стил.

Посветли и посмирени нијанси кои сега се во тренд, треба да се вклопат со белата боја.

Доволна е едноставна бела маичка и вашиот омилен модел на патики, а со малку напор ќе изгледате совршено стилизирано.