СТАРИНСКИ ЛЕК ЗА БОЛКА ВО ГРЛОТО: Само помешајте вода и овој зачин, ќе ги блокира вирусите и бактериите

21 декември, 2023
Screenshot 2021-09-27 154803

Го намалува ризикот од инфекции на устата и грлото и го ублажува воспалението

 

Постуденото време што ни доаѓа, влијае и на почести настинки, а еден од најчестите симптоми што се јавува е гребење или болки во грлото.

За среќа, постои едноставен, природен начин да се ослободите од овој иритирачки симптом.

Потребни ви се само две состојки – вода и сол. Исплакнувањето на грлото со солена вода е лек што го користеле нашите баби, и е многу корисен за настинки, инфекции на синусите и други, поблаги проблеми.

Овој старински лек може да го користат и деца постари од шест години, односно сите оние кои можат да прават гаргара со вода.

Научно е докажано дека солта помага да се повлече водата од ткивата на усната шуплина, создавајќи солена бариера што го спречува враќањето на штетните патогени. Ова значи дека испирањето на грлото со солена вода всушност ги блокира вирусите и бактериите, го намалува ризикот од инфекции на устата и грлото и го ублажува воспалението во некои поблаги случаи.

За да направите солена вода за плакнење на грлото, треба да измешате една четвртина или најмногу половина лажичка сол со 230 милилитри вода.

Најдобро е водата да биде топла, а не жешка, бидејќи топлината на водата ќе го ублажи гребењето и болката во грлото. Покрај тоа, солта полесно ќе се раствори во топла вода. За овие цели, можете да користите било каков вид сол.

Откако ќе ја подготвите солената вода, правете гаргара колку подолго можете. Потоа клумкајте ја во устата и забите, а потоа исплукајте. Препорачливо е да го правите ова најмалку двапати дневно, и нема да има несакани ефекти ако го правите тоа и неколку пати на ден.

escort - Korsan taksi