Студија: По првата доза на Пфизер сѐуште постои можност за зараза со новите соеви на коронавирус

1 мај, 2021
5147293b-9922-4403-bee4-ea383b320782

Една единечна доза на вакцината Pfizer против Ковид-19, може да не произведе доволен имунолошки одговор за заштита од доминантни нови соеви, освен кај оние кои претходно биле заразени со коронавирус, според британско истражување.

Научниците од Кралскиот колеџ ги проучувале имунитетните одговори на здравствените работници во Велика Британија по приемот на првата доза на вакцината Пфајзер. Откриле дека оние кои претходно имале лесна или асимптоматска инфекција со Kовид-19 имале посилна заштита од заразни мутантни соеви кои првпат се појавиле во Велика Британија и Јужна Африка.

Кај оние кои не заболеле со Ковид, имунолошкиот одговор по првата доза бил послаб, што значи дека сè уште постои можност за инфекција со нови варијанти, пишува Ројтерс.

Важноста на втората доза

“Истражувањата покажуваат колку е важна втората доза на вакцина. Луѓето кои ја примиле првата доза на вакцина и кои претходно не биле заразени со САРС-КоВ-2 не се целосно заштитени од загрижувачките видови”, изјави имунологот Роузмари Бојтон.

Експертите анализирале примероци од крв на учесници за време на студијата за да го забележат нивото на имунитет на оригиналниот вид, но исто така и на таканаречената британска (B.1.1.7) и јужноафриканска (B.1.351) варијанта.

Откриле дека по првата доза на Pfizer, подобрениот имунолошки одговор во форма на Т-клетки, Б-клетки и неутрализирачки антитела во голема мера е поврзан со претходна инфекција. Кај оние кои не закрепнале од Ковид, единечна доза на вакцината произведе пониски нивоа на неутрализирачки антитела против оригиналниот вирус и неговите мутирани варијанти.

Имунологот Дани Алтман рече дека ова значи дека за вакцинираните со Pfizer постои „период на ранливост“ помеѓу првата и втората доза.

Студијата наречена „Prior SARS-CoV-2 infection rescues B and T cell responses to variants after first vaccine dose“ беше објавена денес во списанието Science.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi