Супер маска која го забрзува растот и го враќа сјајот на косата: Ефтина е и се прави од само 2 состојки!

6 септември, 2021
shutterstock582834991-830x0 (1)

Крајот на летото и почетокот на есента е вистинското време кога треба да посветите посебно внимание на нега на коса, а идеално решение е кога можете да направите маска дома од состојките што ги имате при рака.

Оваа едноставна маска за коса ќе ја храни косата, ќе го забрза растот на косата и ќе ја направи побујна и сјајна.

Бананата во комбинација со јајце за косата прави чуда. Ова овошје е богато со витамини Б6 и Ц, како и магнезиум, бакар, манган и калиум, кои се вистински благодет за нега.

Бананата содржи и силикон, што ја прави косата мека, силна и полна со волумен.

Јајцето и бананата во комбинација се енергетски микс кој обезбедува совршена нега на коса. Имено, јајцата се богати со протеини кои ја зајакнуваат косата и самиот фоликул, што го стимулира растот, додека бананата ја храни и хидрира косата и скалпот.

Како да ја направите маската?

За да направите супер маска за побрз раст на косата и враќање на сјајот, се што ви треба се една или две банани и едно цело јајце.

Изгмечете ја бананата со вилушка или направете ја во блендер, па додадете го изматеното јајце.

Комбинирајте ги состојките и добро измешајте.

Ставете ја добиената маска на вашата коса, внимавајќи темелно да ја нанесете на скалпот и местата каде што косата е оштетена. Бидете сигурни да ја ставите на расцветаните краеви на косата.

Оставете ја маската да делува околу петнаесет минути. Потоа добро исплакнете ја косата со млака вода.

Користете ја оваа маска најмалку двапати неделно и наскоро ќе забележите подобрување на состојбата на вашата коса. Косата ќе се обнови и хидрира, а овој третман исто така ќе го забрза нејзиниот раст.