СУПЕР ТРИК! Ако вашите нови чевли ви се тесни, направете го ова

24 мај, 2021
Screenshot_1

Сигурно некогаш ви се случило некој пар чевли да ви се допаѓаат што сте ги купиле иако сте знаеле дека се малку тесни, а потоа се надевавте дека магично ќе се прошират штом ќе се вратите дома.

Но, тесните чевли можат да донесат многу непријатност и болка на нозете. Сепак, постои еден едноставен трик што ќе ви помогне да се ослободите од непријатноста на чевлите.

Потребен ви е фен за коса, пар обични чорапи и пар најдебели чорапи што ги имате.

Ако немате дебели зимски чорапи, ќе завршат работа и два пара обични чорапи. Облечете ги двата пара чорапи и обидете се да ги ставите нозете во новите чевли. Ако чувствувате неподнослива непријатност, не грижете се, вие сте на вистинскиот пат.

Потоа вклучете го фенот за коса и насочете го топлиот воздух кон делот од чевелот каде што е најсилниот притисок. Исклучете го фенот за коса кога чувствувате дека чевлите попуштаат под жештината. Потоа одете додека чевлите не се изладат целосно, а потоа соблечете ги. Облечете ги уште еднаш, но без дополнителен пар чорапи за да утврдите дали станале поудобни. Ако не, повторете ја постапката.

escort - Korsan taksi