СУПЕР ТРИК! За најдобар изглед оставете ги фармерките да се исушат на вас

27 август, 2021
355460_stikle_f

Светски познатата компанија за производство на облека од „џинс“ има необичен совет како да направите вашите фармерки да изгледаат подобро

Имено, на страницата на „Левис“, пишува дека фармерките „ќе добијат најдобра форма и изглед доколку се облечат влажни“.

Досега, оваа компанија не советуваше да ги переме фармерките што е можно поретко и да ги носиме што е можно повеќе, а тоа дури и го промовираше еден од нивните директори.

– Имајте на ум дека колку е потопла водата, толку повеќе ќе се акумулира. За да ја зачувате нивната боја што е можно подолго, заменете ја топлата, со ладна вода и додадете чаша оцет, се вели на страницата.

И кога станува збор за сушењето на фармерките, тие го велат ова:

– Облечете ги додека се влажни. Би било идеално на топол летен ден. Како што ќе се сушат, тие ќе се обликуваат според вашето тело!

escort - Korsan taksi