Тајната на младоликиот и природен изглед на Бијонсе: Холивудскиот шминкер открива златни правила за нанесување руменило!

21 март, 2021
245079_bijonse_ls

Холивудскиот шминкер Сер Џон, кој се грижи за изгледот на многу славни жени, меѓу кои Бијонсе (39), откри трикови за младешки изглед.

Познатиот шминкер смета дека хидратацијата на лицето е најважна, особено кога станува збор за шминкањето.

Шминката за снимање мора да изгледа природно, а за да биде кожата подготвена за рефлектори, клучот е добра хидратација.

Сер Џон предлага уште еден слој крем на крајот од процесот на шминкање.

“По тонираната основа, предлагам дополнителна хидратација, со цел лицето да ја задржи влагата. После тоа, следува руменило, што во тој случај ќе изгледа многу природно – советува тој, а пренесува Vogue.

Шминкерот нагласува дека е најдобро да се нанесува руменило кога кожата е сè уште влажна, бидејќи тоа гарантира ефикасно мешање со тенот, сенката и текстурата.

Неговиот колега, американскиот шминкерк Наоко Скинту, вели дека станува збор за совршено руменило со сенка до две потемна од кожата, инаку е тешко да се совпадне со лицето.

Bijonse

Руменилото мора да одговара на тонот, така што студените тонови се идеални за русокосите, потоплите за бринетите, ако тенот е потемен.

Тенот за камерата мора да биде добро нахранет и хидриран, во спротивно брзо се суши, а слична е состојбата и со дневната шминка, која треба да трае со часови.

Кожата се суши во текот на денот, ако не е добро хидрирана наутро. Затоа, потребна е добра подготовка со клучните формули кои имаат хидрантни состојки.