ТАЈНАТА НА СОВРШЕНО ОБЛИКУВАНИТЕ РАЦЕ НА ЏЕНИФЕР АНИСТОН: Тренингот на славната глумица кој трае само 10 минути, а резултатите ќе ве воодушеват!

30 јули, 2021
284541_profimedia0479548117_ff

Во шестата деценија, Џенифер Анистон продолжува да го одзема здивот со нејзината совршена фигура.

Најмногу ѝ завидуваат на нејзините совршено обликувани раце, од кои кожата не „виси“, но се е беспрекорно затегнато, а мускулите се совршено обликувани.

Тајната е во специјалниот тренинг за раце, која трае само десет минути.

Тренингот на Џенифер Анистон често е мешавина од јога, аеробик и напорни кардио тренинзи, а покрај тоа, нејзин сојузник е здравата исхрана, што е исклучително важно за актерката.

Меѓутоа, кога станува збор за мускулите на раката, Џенифер може да му се заблагодари на својот инструктор, кој ги создаде совршените јога движења, што ги направи нејзините мускули во форма на вретено.

Најдобро од се, тренингот на Џенифер Анистон не бара дополнителна опрема, така што може да се прави во удобноста на домот. Треба само да одвоите 10 минути дневно и за еден месец ќе забележите дека вашите раце се тенки, женствени и совршено обликувани.

Во видеото за списанието „People“, Менди Ингбер, инструкторката на Џенифер Анистон, покажа цел тренинг кој ќе ги зајакне мускулите на вашите раце и ќе го снема вишокот маснотии и кожата брзо ќе стане затегната.

escort - Korsan taksi