ТИЈАНА ДАПЧЕВИЌ ОСЛАБНАЛА 45 КИЛОГРАМИ! Пејачката е преполовена – ОВА Е НЕЈЗИНАТА ТАЈНА!

10 јуни, 2021
446903_tijana_f

Пејачката Тијана Дапчевиќ ја објави својата фотографија на Instagram и го покажа затегнатото тело, новата фризура и предизвика лавина од пофалби за својот изглед.

Имено, Тијана најпрво ја покажа новата фризура, долга руса коса врзана во опашка, но и стомачните и тесниот струк.

Пејачката беше на диета со која успеа да ги изгуби вишокот килограми, па затоа нејзините следбеници ѝ напишаа „дека отишла во минус колку изгубила“, но и дека никогаш не изгледала подобро.

Инаку, Тијана претходно изјави дека се здебелила 45 килограми за време на бременоста и имала дури 115 килограми пред да се породи.

„Буквално носев уште една личност во себе. Немав врат и рацете ми беа како бутови. Тогаш решив да преземам нешто за тоа. Но, почнав да слабеам дури кога сфатив дека не ми треба каква било диета, туку да го сменам начинот на живот. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомене зборот диета. Тогаш размислуваме само за храна и што ќе јадеме, а што не смееме“, изјави пејачката во тоа време и откри дека денот сега го започнува со овесни снегулки со чиа семе и црвено овошје, за ручек обично јаде мисиркино месо со зеленчук, а за вечера салата.

– Имав криза на почетокот, но дадов сѐ од себе да издржам. Сите треба да се храниме без шеќер, брашно и млеко. На тој начин ќе ја достигнеме посакуваната тежина, сепак, како и другите жени, јас често се опуштам и па се дебелеам – вели Тијана.