Тиктокерка откри како со шминкање да го „кренете“ лицето: Од сега ќе го користите коректорот малку поразлично!

14 мај, 2021
shutterstock1140967169-830x0

Во последно време има се повеќе девојки кои слушаат совети на инфлуенсери отколку совети на професионални шминкери.

Постојат многу причини за тоа, а една од најчесто нагласените е откривањето на трикови „чекор по чекор“ кои се лесни за следење и копирање. Професионалните шминкери обично го кријат тоа како „трговска тајна“.

Еден од триковите што собра голем број прегледи и лајкови е трикот со „кревање“ и затегнување на лицето со помош на најобичен коректор. Тајната ја откри инфлуенсер кој го користи прекарот @Meghaess на TikTok.

Сè што треба да направите е да нанесете коректор на работ и аголот на окото, на долниот дел од усната, на рабовите на носот и долж јагодичката.

Пред да нанесете коректор на лицето, ставете подлога, т.е. прајмер што ќе ја задржи шминката на место и ќе ја направи потрајна.

Потоа со сунѓер фино натапкајте ги местата каде што сте го нанеле коректорот и ќе забележите фантастични резултати.

Ефектот врз видеото е очигледен кога Тиктокерката ќе ја отстрани камерата и ќе го покаже целото лице. Не се шминкаше на половина од лицето, па разликата беше повеќе од видлива.

escort - Korsan taksi