Мал трик со помош на кој ниеден пајак нема да сака да влезе во вашиот дом

4 мај, 2021
dreamstime-s-21521046

Пајаците, како и повеќето други инсекти, не толерираат мирис на нане. Ова растение има силен ароматичен мирис кој им одговара на луѓето, но е неподнослив за пајаците и другите инсекти.

Колку и да го чистите и средувате својот дом, пајаците секогаш ќе најдат начин да влезат внатре и да најдат тивко место за да ја ткаат својата мрежа. За среќа, постои природен и безболен начин да ги истерате од дома.

Пајаците, како и повеќето други инсекти, не толерираат мирис на нане. Ова растение има силен ароматичен мирис кој им одговара на луѓето, но е неподнослив за пајаците и другите инсекти.

Засадувањето нане во мали теглички и стратешкото поставување во аглите каде што обично наоѓате пајаци, ќе ги избрка од вашиот дом засекогаш.

Ilustracije pauka

Ако не сте тип кој има растенија во куќата, доволно е да ги попрскате просториите во домот со освежувач со мирис на нане, или можете сами да направите целосно природен производ за отстранување на пајаци. Рецептот е прилично едноставен, а состојките се лесно достапни:

24sata

Состојки:

чаша и пол вода

половина чаша алкохолен оцет

20 капки етерично масло од нане

Постапка:

Ставете вода и алкохолен оцет во шишенце со распрскувач и додајте го етеричното масло. Добро протресете ја смесата. Попрскајте зад плакарите, мијалниците, аглите во бањата или кои било места каде што се појавуваат пајаци.

Оваа мешавина нема да ги убие инсектите, но ќе ги оддалечи од вашиот дом. Повторувајте ја постапката периодично за да не се вратат.

Забелешка:

Може да се користи етерично масло од еукалиптус наместо нане. Ефектот ќе биде ист, но нането има попријатен мирис.