Не се допаѓате на фотографиите? Со овој едноставен трик ќе изгледате добро на секое селфи!
16 февруари, 2021

Со овој трик на фотографиите ќе изгледате порелаксирано, послабо и помладо.
Позирање на фотографии или барање прав агол и гримаса, е непријатност за многумина. Дури и кога мислите дека ја совладавте вештината за совршено селфи, може да има простор за подобрување.
За среќа, постои брз и лесен трик што ќе направи да изгледате фотогенично на секоја фотографија, и сè се сведува на вашиот јазик.
Имено, ако го ставите јазикот на непцето, веднаш до забите, вашата насмевка ќе изгледа многу поприродно и опуштено.
Покрај тоа, вашето лице ќе изгледа потенко бидејќи го стега вратот, што го прави целото лице да изгледа ‘извајано’ и помладо.