ТОП СОВЕТИ ЗА ОНЛАЈН ДОДВОРУВАЊЕ! Мали тајни на големите заводници!

17 август, 2021
208954_devojka-osmeh-casa_f

Времињата навистина се менуваат, колку и да не го сакаме тоа. Иако повеќето со одбивност гледаат на виртуелните и онлајн романси и додворувања, сепак тие стануваат се почест начин за остварување контакт и за флертување.


Како што и во реалниот живот не може да се занемари првиот впечаток при запознавањето, така и во виртуелниот свет исходот многу зависи од тоа како ќе ја започнете комуникацијата. Една онлајн компанија за запознавање спровела анкета помеѓу илјадници корисници кои ги пронашле своите брачни сопружници на овој начин.

Кога ќе влезете во профилот на девојката која ви се допаѓа, обрнете внимание на малите детали како филмовите што ги гледа и музиката што ја слуша. На овој начин ќе имате неколку различни теми со кои можете да започнете разговор.
Кога ќе започнете разговор, секогаш почнувајте со тоа што ќе споменете нешто лично, како некоја серија или песна или пак пратете и линк поврзан со некоја од нејзините страсти и хобија.
Овој пристап проаѓа затоа што покажува дека сте посветиле време на истражување на нејзиниот профил и дека сте ја избрале баш неа за да и го посветите своето внимание, а тоа секогаш е добро и за егото и убаво е човек да се почувствува малку поласкано.
Од друга страна, анкетите покажале дека доколку сакате успех, треба да избегнувате да започнувате муабет со „Еј, што има?“. Исто така одбегнувајте комплименти кои се поврзани со изгледот, затоа што се непожелни и не делуваат искрено. Таквиот пристап се покажал успешен само кај 9% од испитаниците.