ТРИ НАЈМОЌНИ СОБНИ РАСТЕНИЈА: Убиваат вируси, го чистат воздухот и носат позитивна енергија!

9 април, 2021
sobni rastenija

Некои растенија апсорбираат честички што го загадуваат просторот за живеење.

Не е новост дека воздухот во затворените простории е до 5 пати полош по квалитет од свежиот, надворешниот воздух.

Токсините што се наоѓаат во нашиот дом можат да предизвикаат разни здравствени проблеми, како што се главоболка, вртоглавица, слабост. За среќа, природата дизајнираше одлични филтри и прочистувачи на воздухот за нас – домашни растенија. Можеби веќе имате некои од нив во вашиот дом, а доколку ги немате, сега е време да ги набавите.

Кактус

Растенија кои им се омилени на многумина, особено на оние кои се на работа цел ден, поради нивното лесно одржување. Покрај тоа што се благодарни и со атрактивен изглед, кактусите имаат голема моќ и да апсорбираат штетно електромагнетно зрачење и ја намалуваат концентрацијата на испарливи органски материи. Не им треба голема доза на светлина, ниту влажност.

kaktus

Фикус

Моќно растение кое е вистински природен филтер за воздух од прашина, габи и бактерии, а што е важно, го неутрализира и чадот од тутун. Важно е да се знае дека фикусот треба да се стави на светлина, а никако на промаја.

Алое вера

Лековитите својства на есенцијалните масла се познати уште во античко време. Содржи 240 хранливи материи и лековити состојки, вклучувајќи витамини Ц и Б, минерали, манган, цинк, бакар и многу други. Алое вера има силно антибактериско и антифунгално дејство, но интересно е и тоа што совршено ги отстранува штетните материи од воздухот, вклучително и зрачењето на телевизискиот екран и мониторот. Затоа се препорачува да го одгледуваат оние кои поминуваат многу време пред компјутер.

aloe vera

escort - Korsan taksi