Трик злато вреден: Одзатнете го одводот без хемикалии

25 август, 2021
Screenshot 2021-08-25 001829

Дали сте забележале дека водата послабо истекува од мијалникот или кадата?

Не мора да ги викате мајсторите, ниту да трошите пари на разни хемикалии, можете сами да го решите проблемот, со двете состојки што ги имате во кујната!

Се работи за трик што една жена го сподели на „Тик Ток“, и кој се прошири на социјалните мрежи. Таа објави видео во кое покажа дека ја одзатнала затнатата када со сода бикарбона и оцет!

„Некаде прочитав дека ако истурите чаша сода бикарбона во одводот и истурите чаша оцет, таа мешавина ќе ги разложи влакната и се друго што се задржува во одводот“, вели таа на снимката.

После тоа, истури оцет, па сода бикарбона, почна да се пени и се формираатмеурчиња, а потоа во видеото додава дека „мириса ужасно, но функционира“.