Троши калории, освежува и го чува здравјето: 4 причини заради кои треба да одите на пливање

5 јули, 2021
woman-4225461920-830x0

Пливањето е една од оние форми на рекреација кои се вистински забавни, а истовремено е добра и за слабеење и затегнување на целото тело. Покрај тоа, како и секоја форма на физичка активност, таа има свои здравствени придобивки.

Пливањето е одлична физичка активност, погодна за секого, без оглед на возраста и кондицијата. За оптимално здравје, се препорачува пливање околу 30 минути секој ден, но пливањето неколку пати неделно, исто така, носи бројни придобивки.

Освен што го ослободува стресот, тоа ја ублажува напнатоста на рамената и грбот, а има и многу други здравствени придобивки.

  1. Ја подобрува работата на срцето

Покрај зајакнување на големите мускули на градите, пливањето го зајакнува и вашиот најважен мускул – срцето. Како аеробна активност, пливањето го стимулира срцето и функцијата на испумпување крв.

Исто така, придонесува за здравјето на крвните садови и ги намалува воспалителните состојби во нив, со што се намалува ризикот од атеросклероза.

  1. Го намалува ризикот од дијабетес и висок крвен притисок

Ако пливате половина час еднаш неделно, можете да го намалите ризикот од мозочен удар и дијабетес тип 2. Ако имате дијабетес тип 1. пливањето ќе ви помогне да ја зголемите чувствителноста на инсулин.

Оваа активност исто така го намалува крвниот притисок. Затоа пливањето со умерено темпо се препорачува за луѓе кои страдаат од хипертензија.

  1. Го подобрува изгледот на кожата

Ова, се разбира, важи само за пливање во морска вода, бидејќи е познато дека водата во базенот е хлорирана, а хлорот има негативен ефект врз кожата. Морската вода е богата со минерали како магнезиум, натриум и калциум, кои ја хранат кожата и ја прават здрава.

Редовното пливање во морето значително ќе го подобри изгледот на вашата кожа, благодарение на хидратацијата и детоксикацијата. Пливањето во море ќе ја подобри состојбата на вашата кожа во случај на псоријаза или егзема, а исто така чисти од акни.

  1. Согорува калории

Пливањето е одличен кардио тренинг. Додека пливате, срцето побрзо пумпа крв со помош на срцевиот мускул, со што се зголемува циркулацијата на крвта, а има и голем удел во здравјето на целиот организам, особено на кардиоваскуларниот систем.

Колку калории согорувате додека пливате, зависи од интензитетот на движењето, но просекот е околу 600 калории на час.