Маски против подочници од само 2 состојки: брзо и лесно до свеж изглед на лицето!

21 ноември, 2022
маска

Подочниците или темните кругови околу очите прават да изгледаме постаро, изморено и исцрпено. Тие најчесто се создаваат заради недостаток на стрес, сон, алергии, генетски предиспозиции или одредени болести.

Дури и да сте доволно наспани и го негувате лицето, некои дами не успеваат да се ослободат од темните кругови кои ја намалуваат самодовербата. Од друга страна, тешко е да се покријат изразените подочници со шминка.

Еве три рецепти за маски против подочници од прородни состојки:

1. Маска од млеко и сода бикарбона

Во блендер ставете 4 лажици свежо млеко и 2 лажици сода бикарбона. Мешајте се додека не добиете кремаста структура, а потоа ставете ја маската малку да отстои во фрижидер. Нанесете ја маската на подочниците, но внимавајте да не дојде во контакт со очите. Оставете ја да стои на лицето околу 20-25 минути, а потоа измијте го лицето со ладна вода.

2. Маска од бадемово млеко и мед

Бадемовото млеко е природен хидратор на кожата и помага во превенција на подочници и длабоки брчки. Комбинацијата на бадемово масло и мед дава сјајни резултати во борбата против подочниците ако ја користите секоја вечер пред спиење.

3. Маска од ананас и куркума

Помешајте четвртина лажица куркума со лажица сок од ананас. Нанесете ја маската на пределот на подочниците и држете ја на лицето околу 30 минути. Резултатите се видиливи по две недели од користењето на маската.

Внимание: Пред употреба на маските консултирајте се со вашиот дерматолог бидејќи секоја маска различно влијае на различни видови на кожа!