4 НАВИКИ НА ЖЕНИТЕ ОД ОРИЕНТОТ: Поради ова, тие се убави и достоинствено стареат!

14 мај, 2021
zenite od orientot

Тие имаат здрава и негувана коса, чисто лице и немаат вишок наслаги околу половината. Генетиката игра голема улога, но и овие 4 навики

Ако сакате да стареете достоинствено, вклучете ги овие 4 навики во вашата рутина:

  1. 36 кругови околу папокот

Жените од истокот започнуваат масажа во стомакот секое утро. Со десната рака, масирајте го стомакот со врвовите на прстите, во кружни движења околу папокот, во насока на стрелките на часовникот. Потоа обратно. Направете вкупно 36 кругови во една насока и 36 пати во спротивната насока.

Ова придонесува за побрзо празнење на цревата веднаш наутро.

  1. „Бришач“ за брчки

Нежно поминете ги прстите преку лицето со добро загреани прсти. Ако можете, добро е да користите малку масло. Одете од дното нагоре, а потоа од центарот на лицето до рабовите. Движењата нека бидат само во една насока, оставете ги врвовите на прстите да бидат гума за бришење на брчки. Оваа масажа може да трае 5 минути.

  1. Наместо чешел, прсти

Секоја вечер или утро, како што сакате, чешлајте ја косата со прстите. Едноставно, нежно масирајте го скалпот со вашите прсти бидејќи тоа ќе го дистрибуира себумот по целата должина на косата, намалувајќи го нејзиното оштетување. Кога е многу топло или кога е зима, заштитете ја косата од сонцето и ветерот со шал или капа.

  1. Детоксикација во бањата

Жените од истокот го обожаваат амамот, затоа што е полесно да се изгуби телесната тежина во него. Со загревање на телото, масните наслаги се топат. Сепак, жените од истокот влегуваат во амамот со ракавици за масажа за да ја издренираат кожата. Благодарение на тоа, работата на лојните жлезди е нормализирана, порите се чистат, кожата станува мека и мазна без брчки. Направете сè што можете, но ако немате амам или сауна во близина, направете топла бања и уживајте. Потоа истуширајте се со ладна вода и на крај нанесете млеко за тело на кожата.

escort - Korsan taksi