МАГИЧНА КУПКА ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ: Ги топи килограмите од стомакот и подмладува

5 февруари, 2023
kupka

Илјадници совети како да се ослободите од целулитот. Илјадници обиди и начини како да го направите тоа. Сепак оние “домашните“ се покажуваат како најефикасни.

Еве уште еден едноставен начин како да се ослободите од целулитот пред да се појавите на плажа.

Пред да легнете во кадата, подесете ја температурата на водата да биде отприлика од 30 до 32 степени.

Кадата наполнете ја малку повеќе од половина. Топлата вода ги отвора порите и ја олеснува апсорбцијата на минерали и супстанци од билни и етерични масла кои ќе ги додадете во купката.

Добро би било да се измасирате со масло, а ова масло би го добиле со разредување на три до четири капки етерично масло и малку бадемово или маслиново масло и нанесете на местото каде што сакате да делувате против целулит.

Против целулит посебно се препорачуваат етерични масла од бреза, камилица (го смирува воспалението) и лаванда (ја обновува кожата).

На крај туширајте се неколку минути наизменично со топла и ладна вода, што е одлично за поттикнување на циркулацијата.

Идеално е доколку ваква купка можете да си дозволите најмалку три пати седмично.

escort - Korsan taksi