МАСКА ОД КАФЕ И КАКАО: Затегнете и освежете го вашето лице со омилениот пијалок

1 март, 2024
b16735ded9dd09fc94f92733e5507863b08f500a

Кафето е богато со антиоксиданти и може да биде многу корисно за вашата кожа

Едноставен рецепт за маска од кафе ќе го направи вашето лице свежо и затегнато.

Следниот пат кога ќе го испиете кафето, не фрлајте го талогот бидејќи со малку вода може да послужи како козметички препарат. Малку промешајте го талогот, а потоа втријте го во кожата на лицето пет до десет минути. После масажата исплакнете го лицето со млака вода.

Маска од кафе и какао

Состојки:

  • 2 лажици мелено кафе
  • 2 лажици какао во прав
  • 3 лажици полномасно млеко или јогурт
  • 1 лажица мед.

Подготовка:

Измешајте ги сите наведени состојки добро и нанесете ги на лицето. Откако маската ќе отстои околу 15 минути, треба да се исплакне со млака вода. Додека ја нанесувате маската, нежно масирајте го лицето за подобра циркулација.