Недостаток на сон, чести телефонски повици, топла вода… Девет навики кои го уништуваат УБАВИОТ ТЕН

4 јуни, 2021
01345e2c51c9a296c9fd6f11ece8a18ac09fb852

Совршениот тен треба да се гради!

Навиките, како и начинот на живот, влијаат на целиот организам, вклучително и на состојбата на кожата. Залудно трошите пари на скапи креми, серуми и гелови за чистење, ако не се грижите за исхраната и имате нездрави навики.

Ако имате проблеми со кожата, можеби правите една од следниве грешки:

Навики кои негативно влијаат на тенот

  • Брзата храна многу брзо го зголемува нивото на шеќер во крвта и предизвикува зголемување на нивото на инсулин во крвта, што индиректно доведува до формирање на црни точки и акни.
  • Пушењето цигари не само што ја намалува циркулацијата во кожата, туку исто така го зголемува ризикот од директна изложеност на токсини на кожата и крвта.
  • Туширањето со топла вода може да има релаксирачки ефект, но може значително да го оштети површинскиот слој на кожата.
  • Конзумирање алкохол ја дехидрира кожата и ги отстранува нејзините природни масла.
  • Користењето валкани четки за шминка предизвикува појава на акни и бактериски инфекции.
  • Недостатокот на сон доведува до стрес, а тоа резултира со акни, па дури и псоријаза.
  • Стиснување на мозолчиња може само да ја турка нивната содржина подлабоко, па затоа бактериите завршуваат подлабоко во порите што предизвикуваат инфекција. Ова ги влошува акните и дури може да доведе до лузни.
  • Честите телефонски разговори, односно ставањето мобилен телефон на кожата, може да резултираат со појава на акни, без оглед дали уредот е чист или не.
  • Спиењето со шминка на лицето е честа грешка, но треба да имате предвид дека шминката ги затвора порите и предизвикува негативни состојби на кожата.
escort - Korsan taksi