ОВИЕ ПРОИЗВОДИ ЗА УБАВИНА СЕ ШТЕТНИ АКО СЕ КОРИСТАТ СЕКОЈДНЕВНО! Еве зошто!

12 мај, 2021
345044_maskara_f

Постојат производи кои не треба да се користат премногу често затоа што тогаш нивните предности стануваат недостатоци

Пред да исфрлите се од несесерот од паника, откријте кои производи се штетни ако се користат секојдневно и зошто:

Шампон за суво миење на косата

Сувиот шампон е вистинско спасение ако косата е мрсна и мора да „излетаме“ од куќата. Сепак, не треба да се користи неколку дена по ред, бидејќи неговата формула ја суши косата и ја прави кршлива.

Богати маски за коса

Хранењето на скалпот и врвовите на косата со квалитетни маски е секогаш добра идеја, но не треба да се прави секој ден. На производите за регенерација на косата секогаш е означено колку често може да се користат, па затоа треба да се придржувате до тоа. Богатите маски за коса се идеални за употреба еднаш или два пати неделно, во спротивно може да ја нарушат pH вредноста на скалпот и да дадат спротивен ефект, како што е кршење на косата.

Медицински балзами за усни

Усните брзо се навикнуваат на производи за нега, па ако прифатат медицински мелем како единствен сигурен извор на хидратација, без него, тие секогаш ќе биде суви и испукани. На дневна основа, најдобро е да користите обичен балзам.

Прајмер

На дневна основа, треба да избегнувате силиконски прајмери, бидејќи тие ги затнуваат порите со масла и пот и на тој начин можат да предизвикаат акни. Силиконските прајмери ​​се одлична работа затоа што и даваат на кожата ефект на измазнување, стеснување на порите и ја одржуваат шминката на место, но се користат само во посебни прилики.

Водоотпорна маскара

За разлика од обичните маскари, водоотпорните маскари можат да ги исушат трепките, а ако ги нанесете во повеќе слоеви, трепките буквално може да пукнат како гранчиња!

Препарати за самопотемнување

Со овој препарат не треба да се претерува од повеќе причини. Естетската причина е дека прекумерната примена може да доведе до појава на грди портокалови дамки на кожата, кои многу тешко се отстрануваат. А, постои и здравствена причина – некои производи за самопотемнување содржат ДХА, активна состојка што може да доведе до сериозно оштетување на ДНК.

escort - Korsan taksi