Правилна нега на коса: Направете природна маска против испукани врвови

24 февруари, 2022
Screenshot_6

Освен надворешните фактори, изгледот на вашата коса зависи и од тоа што јадете, пиете, колку се движите и колку сте изложени на стрес.

 

Ќе се согласите дека ништо не може да го подобри вашиот изглед како убаво стилизирана коса. Меѓутоа, секоја механичка изложеност на косата предизвикува дополнителни оштетувања како што се испукани краеви, губење сјај, сушење и слично.

Временските услови, влажноста, дождот, сонцето, снегот, исто така, можат да предизвикаат страшен стрес за нашата коса.

Покрај надворешните фактори на кои (не) можеме да влијаеме, правилната нега на коса вклучува и многу други работи, почнувајќи од начинот на миење, преку дополнителна нега и разубавување, па сѐ до редовно шишање.

 

Миење на косата

Додека ја миете косата, не е доволно само темелно да ја триете со најскапиот / најевтиниот шампон што сте го одбрале во блиската аптека. Со цел косата да има сјај и волумен, треба да користите што е можно поприродни шампони без силни состојки – сулфат.

Сулфатите се силни хемикалии кои ја оштетуваат вашата коса, особено ако вашата коса е тенка и слаба, сулфатите можат да ја направат да изгледа уште полошо – може да ја залепат и да ја направат мрсна.

Никогаш не ја мијте косата со топла вода, туку мора да биде млака.

По миењето, важно е да ја хидрирате косата со балсам или маска, по што темелно ќе ја исчешлате косата.

Ви откриваме природна маска коса која ќе ја направите сами дома, и е подобра од сите скапи вештачки препарати.

 

Потребно ви е:

 

  • обичен балсам за коса (без силни мириси и сулфати)
  • АД капки
  • маслиново масло
  • кокосово масло
  • Рицинусово масло
  • капки од коприва

 

Начинот на подготовка е многу едноставен. Ставете половина шише АД капки во балсамот од 500 мл, 20 мл од секое масло и додадете половина шише капки од коприва (пропорционално капките АД и капките од коприва). Сето тоа измешајте го и намачкајте го на косата од половина до краевите.

Слободно можете да ставите поголема количина на маската и да ја завиткате во алуминиумска фолија за да ве стопли преку ноќ. Кога ќе станете, измијте ја косата со шампон, не мора да нанесувате дополнителен балсам, а потоа исушете ја.

Можете исто така да ја користите оваа маска како обичен мелем со тоа што ќе ја оставите да стои на вашата коса неколку минути по миењето.

Сите природни состојки ќе го вратат сјајот и обемот на вашата коса, а поради кокосовото масло, вашата коса ќе мириса убаво. Повторете ја постапката на секои две недели додека не ги забележите првите промени во вашата коса.

escort - Korsan taksi