ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ МУ ШТЕТАТ НА ВАШЕТО ЛИЦЕ: Направете пилинг што ќе ѝ помогне на вашата кожата да дише!

10 мај, 2021
Screenshot_1

Кога ќе започне летната жештина, ретко нешто што може да помогне! Но, нашата кожа мора да дише, па затоа се поти значително повеќе отколку кога температурите се понормални.

А, за успешно освежување и истовремено чистење на кожата на лицето, треба да се грижите на вистински начин. Најдобрата опција е што е можно поприродно. Ви претставуваме пилинг за лице од зелен лимон и кокосово масло!

Забелешка: пред да го испробате овој пилинг, задолжително консултирајте се со вашиот дерматолог. Пред да го нанесете пилингот на лицето, испробајте го на кожата на грбот за да спречите можна иритација.

Состојки:

четвртина чаша кокосово масло

чаша шеќер

2 зелени лимони

3 лажички сок од зелен лимон

Подготовка: Изрендајте кора од зелен лимон и оставете ја на страна. Измешајте ги шеќерот, кокосовото масло и сокот од зелен лимон, мешајте додека не се соединат. На крај додадете ја кората од зелен лимон и повторно измешајте добро. Вашиот пилинг е готов! Користете го до 3 пати неделно. За да го задржите во поцврста состојба, чувајте го на ладно место.