УТРИНСКИ ВЕЖБИ ЗА МОЗОКОТ: Повторувајте го ова секој ден и значително ќе ја намалите заборавеноста!

30 март, 2021
starac-misli-660x450

Деменција е болест која најмногу се јавува кај постари лица, па првичните симптоми може да останат незабележани. Страдателот ретко ги забележува или негира неговите зголемени ограничувања. Од друга страна, околината ги заменува со бенигна сенилна заборавеност и постои вообичаена заблуда дека интелектуалното опаѓање и зголемената зависност од околината се нормални последици од стареењето. Таквите лица доаѓаат на лекар (или ги носат) само кога се појавуваат нарушувања во однесувањето, агресија, склоност кон лутање и ноќен немир.

За да се одржи луцидноста, важно е да се започне со едноставни вежби за мозок што е можно поскоро.

Правете ги овие лесни и едноставни вежби за подобра меморија наутро, веднаш штом ќе се разбудите, а траат 10 минути.

Изговарајте гласно или шепотејќи:

1. Кажете ги буквите од азбуката што е можно побрзо со тоа што ќе излезете со збор за секоја буква, на пример: автомобил, велосипед, гуска, дрво, ѓезве, елипса, жаба, зајак, ѕид… и продолжете понатаму .

2. Брзо наведете 20 женски имиња, и кажете го бројот покрај секоја. На пример: Марија-1, Даниела-2, Ива-3, Снежана-4, Ана-5, итн. Имињата не смеат да се повторуваат.

3. Направете го истото со машки имиња.

4. Брзо наведете 20 различни видови храна и кажете го бројот до секој збор: леб-1, банана-2, масло-3, брашно-4

5. Брзо наведете 20 различни зборови што почнуваат со иста буква и кажете го бројот покрај секој збор: ананас-1, албум-2, автомобил-3, аквариум-4

6. Брзо наведете 20 различни професии и кажете го бројот до секој збор: столар-1, ковач-2, лекар-3, поштар-4

7. Кажете еден подолг збор, а потоа за секоја буква од тој збор, најдете поим и дадете број. На пример: „демократија“: дрво-1, елипса-2, меч-3, око -4

8. Кажете ги броевите од 100 до 1 што побрзо.

9. Бројте (барем до 20) на кој било странски јазик.

escort - Korsan taksi