ВАКА СЕ СТЕРИЛИЗИРААТ СТАКЛЕНИ ТЕГЛИ И ШИШИЊА: Да не ви пропадне целата зимница!

26 септември, 2021
166045_shutterstock-494037901_ls

Првиот чекор е добро да ги измиете стаклените тегли и шишиња со детергентот за миење садови што вообичаено го користите

Додека подготвувате зимница, задолжителен чекор е стерилизација на стаклената амбалажа во која ќе го ставите вашиот ајвар, џем и други намази или кисела туршија.  

Никогаш не треба да го прескокнувате овој чекор, бидејќи ако шишињата или теглите не се 100 проценти чисти, целата работа може да ви пропадне.

Нашите баби одамна смислиле одличен начин за стерилизирање на пакувањато за туршија, и најдобро од се, не бара многу напор, време или вештини.

Првиот чекор е добро да ги измиете стаклените тегли и шишиња со детергентот за миење садови што вообичаено го користите.

Кога ќе се исцедат, нежно избришете ги со чиста памучна кујнска крпа која не остава влакненца.

Третиот и последен чекор е да ја загреете рерната на максимум 100 степени, наредете ги теглите во тава така што нивниот отвор ќе биде свртен надолу и ставете ги да се греат 15-20 минути.

Внимателно извадете ги од рерната (стаклото ќе биде жешка) и почнете да ги полните додека теглите се уште топли.

Некои домаќинки сакаат целосно да се осигураат, па прво ставаат тегли во врела вода за да „зовријат“ кратко време, па дури потоа ги ставаат во рерна. На овој начин можете да избегнете бришење со крпа – топлината на рерната ќе ја исуши преостанатата вода.