Вака води љубов фраерот кој е луд по Вас

11 октомври, 2021
Screenshot_2

Ако се однесува вака, тој е целосно заљубен…

1. Неговата мисија е да го пронајде совршениот рецепт за најдобро да ве задоволи. Дечкото кој искрено ве сака ќе се обиде да ве задоволи најдобро што може. Тој внимателно ќе слуша што точно ви одговара, што е важно за вас во сексот и во врската, а во водењето љубов ќе се стреми да развие многу поголема интимност од онаа што ја обезбедува само сексуалниот однос. Тој подеднакво ќе ужива во моментите што му претходат на сексот, самиот секс и моментите после него.

2. Тој воопшто не е нервозен во ваша близина, всушност. Можеби не е совршен во секое време, но неговата несовршеност го прави совршен партнер за долги релации. Дечко кој навистина ве сака и кој не може да го замисли животот без вас, секогаш ќе биде целосно опуштен и спонтан во ваше присуство, но и во сексот. Токму затоа што да се биде со вас му изгледа како најприродна работа на светот.

3. Ве бакнува насекаде, а бакнежите траат долго, долго. Мажите обично не се баш љубители на бакнежите и ги сметаат за исклучително интимен чин. Ако ве бакнува нежно и страсно по целото тело и лице и го прави тоа често, ви покажува на свој начин колку му се допаѓате и дека е целосно луд по вас.

escort - Korsan taksi