Вакцинацијата го зајакнува природно развиениот имунитет по ковид 19, што долготрајно штити од нови видови

3 јуни, 2021
Man,Stopping,Coronavirus.,Immune,System,Defend,From,Corona,Virus,Covid-19.

Истражувачки тим од Универзитетот Рокфелер открил дека антителата што природно се појавуваат кај пациенти со корона, стануваат сè подобри во неутрализирање на вирусот, и по само една доза на вакцината, тие развиле антитела екстремно отпорни на најопасните соеви на SARS-CoV-2.

Според новата студија на Универзитетот Рокфелер, луѓето кои имале ковид 19 имале силен имунитет против вирусот најмалку една година откако биле првично заразени. Со анализа на антителата присутни во крвта на пациентите со ковид 19, научниците од Универзитетот Рокфелер успеаја да ја следат еволуцијата на овие променливи молекули. Откриле дека вакцинацијата го зголемува имунитетот што овие лица природно го развиваат по инфекцијата, толку многу што најверојатно ќе бидат заштитени дури и од нови варијанти.

Пациентите развиле подобрена, долготрајна одбрана од вирусот

Научниот тим следел во студијата 63 лица кои имале ковид 19 во пролетта 2020 година. Нивните податоци за време на следењето на болеста и состојбата по закрепнувањето покажуваат дека со текот на времето, антителата произведени од мемориските Б-клетки на имунолошкиот систем станале сè подобри во неутрализирањето на SARS-CoV-2, што укажува на тоа дека овие луѓе развиле подобрена – долготрајна одбрана од вирусот.

Покрај тоа, истражувачите откриле дека овие антитела се дополнително засилени кај 26 лица во групата кои примале барем една доза на вакцината за ковид 19, Moderna или Pfizer. Оваа подгрупа на луѓе има развиено антитела кои се исклучително отпорни на највознемирувачките варијанти на САРС-КоВ-2, како што се оние први изолирани во Велика Британија, Јужна Африка и Њујорк. Овие силни антитела се произведуваат од групи високо развиени мемориски Б – клетки, кои драматично се шират по вакцинацијата, утврди тимот на научници.

Наодите од новата студија, исто така, покажуваат дека засилувачите, т.н. „бустери“ на моментално достапните вакцини, можат да обезбедат дополнителна заштита на луѓето кои никогаш не прележале ковид.

escort - Korsan taksi