„Вакцината Фајзер не го зголемува ризикот од кардиоваскуларни проблеми кај луѓето над 75 години“

20 јули, 2021
pfizer-biontech-fajzer-biotek-vakcina-koronavirus-2-830x0

Скоро 30 000 луѓе беа вклучени во француската студија

Вакцината Фајцер / Бионтек против Ковид-19 не го зголемува ризикот од сериозни кардиоваскуларни проблеми (срцев удар, мозочен удар, белодробна емболија) кај луѓе постари од 75 години, според официјалното француско истражување објавено во понеделникот.

Резултатите од таа студија „сугерираат дека вакцинацијата со вакцината Фајзер не е поврзана со зголемен ризик од сериозни кардиоваскуларни проблеми кај луѓе на возраст од 75 години или повеќе“, без оглед дали е првата или втората доза, заклучуваат авторите.

Истражувањето е спроведено во рамките на научната група Epi-Phare, која ги обединува Агенцијата за лекови (ANSM) и Здравствено осигурување (Cnam).

Студијата ги зеде предвид сите случаи на хоспитализација пријавени во Франција поради срцев удар, мозочен удар и белодробна емболија во периодот од декември 2020 до март 2021 година кај пациенти на возраст од 75 години или повеќе, вакцинирани и невакцинирани. Во истражувањето биле вклучени скоро 30.000 луѓе.

escort - Korsan taksi