Вакцината „Фајзер“ против „Ковид-19“ го зголемува ризикот од воспаление на срцето

26 август, 2021
000_8XX9V3-750x500

Вакцината против Ковид-19 на Фајзер малку го зголемува ризикот од воспаление на срцето, но тој ризик е поголем кај луѓето заразени со коронавирус, покажа новата студија, чии резултати беа објавени во средата во New England Journal of Medicine.

Од 10.000 пациенти кои ја примиле вакцината, еден од пет најверојатно ќе развие миокардитис што инаку не би го добиле, велат истражувачите, врз основа на податоците собрани од израелската здравствена организација Clalit Health Services.

Таа стапка е многу повисока, 11 на 100,000, кај луѓе заразени со коронавирус.

Истражувачите ги споредија стапките на несакани ефекти од вакцината кај 884.828 вакцинирани лица и еднаков број невакцинирани лица.

Се покажа дека 21 лице заболело од миокардитис кај вакцинираните, претежно млади мажи, наспроти шест кај невакцинираните.

Повеќето несакани ефекти кај вакцинираните беа благи, но некои, како што е миокардитис, беа потенцијално сериозни, велат истражувачите.

Исто така, истражувачите ги анализираа стапките на несакани ефекти кај повеќе од 240.000 заразени луѓе.

Резултатите покажаа дека инфекцијата со коронавирусот сама по себе е многу висок ризик за миокардитис и дека значително го зголемува ризикот од други тешки несакани ефекти.

Вакцината Pfizer / BioNTech против Ковид-19, како и Модерна, која исто така е и mRNA вакцина, е предмет на регулаторна контрола во неколку земји, откако беа пријавени случаи на пост-вакцинација.

Израелското Министерство за здравство во јуни објави дека е можна врска помеѓу ваквите случаи и вакцината Фајзер.

escort - Korsan taksi