Вакцинираните лица исто така можат да го пренесат вирусот: Експертите објаснуваат зошто не треба опуштање

25 јануари, 2021
shutterstock1662701254-830x0

Вакцината против коронавирус не е 100% гаранција дека нема да се заразите со коронавирус, но ќе ви биде полесно „да се сретнете со вирусот“ со или без благи симптоми.

Сепак, ова не значи дека сте безбедни за другите луѓе откако сте ја примиле вакцината и дека не можете да го ширите вирусот.

За тоа предупредува раководителот на здравствената служба во Велика Британија, професорот Џонатан Ван-Там. Тој за британски „Телеграф“ посочи дека е од витално значење секоја личност да ја игра својата улога во запирање на пренесувањето на болеста.

Професорот Ван-Там рече дека научниците „сè уште не го знаат влијанието на вакцината врз преносот на вирусот“.

  • Дури и ако сте ги примиле обете дози на вакцината, сепак може да бидете во можност да ја пренесете короната на некој друг, а синџирот на пренесување ќе продолжи – нагласи Ван-Там.

Тој потсети дека се потребни две до три недели да се заштитиме од болеста и повика на почитување на мерките.

  • Вакцината ни ја враќа надежта, но мора да бидеме трпеливи и да им овозможиме на оние кои сè уште не биле вакцинирани да добијат своја доза на заштита – предупреди професорот Ван-Там.

Секој што примил вакцина против коронавирус, не може да биде апсолутно сигурен дека е автоматски заштитен. Ниту една вакцина за која било болест не гарантира 100% заштита, вклучително и вакцини против коронавирусот. Со цел вакцинираните да добијат антитела, треба да помине одредено време од приемот на целосната доза на вакцината, што е наведено од секој производител во придружната документација.