ВЕ КАСНА КОМАРЕЦ? Ублажете го чешањето на ПРИРОДЕН начин!

11 август, 2021
208308_mosquito-1332382_960_720_f

Летото значи сончање, пливање, одмор, најубаво овошје и зеленчук, но и нешто на кое не се радуваме – здодевните и крвожедни комарци

Ако вашите одбранбени системи против овие инсекти пропаднале и сепак сте каснати, третирајте го тоа место на вашето тело со некои од овие домашни препарати и ќе бидете воодушевени од исходот.

Аспирин

Искршете една таблета, измешајте ја со неколку капки вода и нанесете на местото каде сте каснати.

Оцет

Секој ќе послужи, но најчесто се препорачува јаболков оцет, кој во овој случај се применува со истурање на само неколку капки во топла бања.

Паста за заби

Поради антибактериските и антиинфламаторните својства на киселината што се наоѓа во составот на секоја паста за заби, ќе ја ублажи реакцијата на каснувањето. Доволно е да нанесете мала количина и наскоро ќе забележите подобрување.

Мед

Оваа намирница често се наоѓа во рецептите за домашни лекови, и доволно е само малку за да го ублажите чешањето и отокот по каснувањето од комарец.

Кромид

Овој зеленчук е еден од најпопуларните домашни лекови за многу болести, и во овој случај ќе се користи на таков начин што, благодарение на своите антибактериски и антифунгални својства, ќе спречи кожата да се инфицира. Исечете една главица на половина и држете го на каснатото место неколку минути, а потоа исплакнете темелно со млака вода.

escort - Korsan taksi