Веќе нема да морате да ги пеглате кошулите доколку го ставите ОВА СРЕДСТВО во машината (ВИДЕО)

29 септември, 2021
ffe932af446e7ce4eb9d9954d7503bb9aeb65ca3

Дали знаете жена која сака да пегла кошули?

Пеглањето на кошулите е една од најомразените домашни работи и за мажите и за жените. Токму поради оваа причина, секој трик што ќе ни ја олесни оваа работа е добредојден.

Искусните домаќинки кои го пробале овој трик тврдат дека после него скоро и да не е потребно да се пегла. Потребни ви се само машина за сушење алишта и неколку коцки мраз. Ставете се во барабанот, наместете на брз начин и оставете да работи пет минути. По пет минути, извадете ја кошулата и резултатот ќе ве воодушеви. Кошулата нема да има никакви несакани набори.

Работата функционира со топење на мразот поради топлината на воздухот во машината за сушење и пареата што се создава ги пегла наборите.

Овој трик не се применува само за кошули, туку и за маици, фустани и слично. Сепак, нема да работи со подебели и поцврсти материјали, како што е тексас, кој ќе остане стуткан и покрај коцките мраз и ќе треба да ја земете пеглата во раце.