Веќе нема да може да купите крема „за нормална кожа“: Гигантот донесе промени, според нив, во корист на потрошувачите

10 март, 2021
camille-brodard-kmile-feminine-creative-designer-vxawteiqdao-unsplash-830x0

Ова лето, пишувавме за глобалната компанија L’Oreal Group, која донесе радикална промена во бизнисот. Имено, зборовите “white”, “fair” и “light” повеќе нема да бидат напишани на пакувањето на нивните производи (првенствено прашоци).

Одлуката е донесена откако Унилевер одлучи да го смени името на својот популарен крем „Fair & Lovely“, а сега пристигнуваат повеќе новини од таа корпорација. Козметичките брендови сè повеќе се „под скенер“, поврзани со употребата на зборови кои се расно чувствителни, како што е „светло“.

Неодамна, зборот „нормално“ исто така стана проблем. Компанијата вредна милијарди долари, која е сопственик на брендови како Dove и Sure, најави дека ќе се откаже од користењето на зборот нормално на пакувањето. На пример, крема за нормална кожа.

Исто така, фотографиите на производите што стојат зад Унилевер ќе бидат со помалку Фотошоп, на инсистирање на корисниците (клиентите), кои сметаат дека компанијата треба да биде „поинклузивна“. Зборот „нормално“ повеќе нема да се користи во реклами.

Одлуката е донесена откако 70 проценти од луѓето во истражувањето рекле дека зборот има негативно влијание и дека индустријата за убавина треба да биде поинклузивна. Од компанијата велат дека тие се „посветени на борбата против штетните норми и стереотипите“.

Покрај тоа, нема да има повеќе дигитални промени во обликот на телото, големината, пропорцијата и бојата на кожата во ТВ рекламите, печатените медиуми и фотографиите на производите, кога станува збор за оваа компанија.

Многу корисници на социјалните мрежи ја поздравија одлуката на Унилевер, нарекувајќи ја „одличен став“ и „одличен скок напред“, но други ја обвинија компанијата за „евтина ПР кампања“ и прашаа како брендовите ќе ја опишат кожата која не е ниту мрсна ниту сува во иднина, дури и мешана – ако не со зборот „нормално“.

escort - Korsan taksi