Викторија Бекам ја открива тајната за совршената кожа: Нејзината добитна комбинација лежи во само 2 состојки

3 мај, 2021
profimedia-0518586807-830x0

Добриот стил и совршената кожа се заштитен знак на Викторија Бекам

Поранешната пејачка на познатата поп-група „Spice Girls“, а денес модна икона и успешна дизајнерка Викторија Бекам секоја година изгледа сѐ подобро.

Таа е жена која управува со сè. Таа е во хармоничен брак со Дејвид Бекам повеќе од две децении, а пред десет години започна сопствена линија облека, шминка и козметика. Ако сакате да ја откриете тајната на нејзината убава и здрава кожа, нема да ја најдете на полиците на продавниците за козметика, туку во кујната на Викторија!

Во интервју кое неодамна го даде за списанието „Edit“, Викторија Бекам ја откри тајната на нејзината беспрекорна кожа.

– Во Лос Анџелес посетувам дерматолог кој е неверојатен – рече поранешната „Spice Girl“.

– Го познавам со години и тој целосно ја трансформираше мојата кожа. Имав многу проблематична кожа, а потоа тој ми рече дека треба да јадам повеќе лосос. Всушност, тој ми рече дека морам да го јадам секој ден – за појадок, ручек и вечера.

Оттогаш, Викторија најмногу јаде пушен лосос во комбинација со авокадо за ручек. Таа се колне во оваа комбинација, објаснувајќи дека авокадото го подобрува здравјето на кожата и спречува какво било оштетување, додека омега-3 масните киселини содржани во лососот ја одржуваат кожата еластична и сјајна.

Она што избегнува да го јаде се млечни производи и преработена храна. Викторија ги охрабрува своите следбеници на Instagram да „бидат храбри“ и да пијат две лажици јаболков оцет секое утро, а потоа и чаша топла вода во комбинација со лимон.

Ужива и во овошни смути, а омилена мешавина ѝ е od јаболко, киви, лимон, спанаќ, брокула и семе од чиа.