Внимавајте! Овие намирници имаат повеќе шеќер отколку што мислите

15 септември, 2021
Screenshot 2021-09-15 152714

Со сигурност знаете дека некои намирници се богати со калории или се полни со шеќер, но има и такви за кои никогаш не би рекле дека припаѓаат на групата нездрава храна.

Готови супи

Мислите дека супата купена од продавница може да биде здрава комбинација на вода и хранлив зеленчук. Но, ако го проучите составот, ќе забележите дека само во една таква супа, можете да најдете повеќе шеќер од препорачаната дневна доза. Ова е особено вообичаено со крем супа од домати, каде што шеќерот се користи за балансирање на киселоста на доматите.

Нискомасен јогурт

Една порција обичен полномасен јогурт има скоро 5 грама шеќер, додека порција грчки јогурт може да содржи 6 до 12 грама шеќер. Додавањето шеќер во храна со малку маснотии се користи за да се компензира губењето на вкусот и конзистентноста, а многу јогурти со малку маснотии, исто така, содржат и нездрави форми на засладувачи.

Кечап

Овој сос е еден од најпопуларните ширум светот. Сепак, една лажица кечап е еквивалентна на ставање коцка шеќер во устата. Содржи приближно 4 грама шеќер по лажичка, а повеќето комерцијални кечапи, исто така, содржат значителни количини пченкарен сируп, кој е поврзан со дебелина и срцеви заболувања.

Суво овошје

Сувото овошје се смета за здрава ужинка. Богат е со витамини, влакна и антиоксиданси. Меѓутоа, кога плодовите се дехидрирани, содржината на вода се отстранува, оставајќи ги сите шеќери набиени во згуснатото овошје, поради што се богати со природни шеќери.

Путер од кикирики

Путерот од кикирики е популарен извор на протеини. Иако природните видови путер од кикирики содржат малку или се без шеќер, многу комерцијални видови се дополнети со нездрави масла и додадени шеќери. Некои дури можат да имаат и до осум грама шеќер во само две лажици.