„ВОЛШЕБНО СМУТИ“: Џенифер Лопез ја откри тајната на витката линија и рецептот за пијалок што го обожава

27 август, 2021
Jennifer-Lopez

Џенифер Лопез го откри рецептот за смутито што го обожава

Во текот на летото, според некои истражувања, често прескокнуваме оброци, главно затоа што високите температури влијаат и на чувството на глад. Ова, се разбира, никогаш не е добра одлука, и всушност, може да има контра ефект на губењето на тежината.

Ова го знае и Џенифер Лопез, на која за витката линија може да и позавидат и многу помлади девојки и која многу пати кажа дека се придржува до златното правило – умерена исхрана која вклучува три оброци и минимум две ужинки.

Латино дивата обожава да го започне денот со смути, особено во летните денови. Всушност, таа се колне во овој рецепт и неколку пати дури и го сподели на својот профил на Инстаграм бидејќи тврди дека тоа го забрзува нејзиниот метаболизам и и дава енергија што и е потребна за да го започне денот. „Не сакам да го започнувам денот со пецива, бидејќи тоа ме забавува. Секогаш избирам смути со боровинки, ми дава енергија и за децата и за работата“, рече таа во една прилика.

Еве што ви треба за смутито на Џеј Ло:

1 мала чаша боровинки

1 мала чаша малини

1 грчки јогурт

1 лажичка цимет

1 лажичка свежо исцеден сок од лимон

Третина од стапче ванила

Мраз

Подготовката е едноставна: Ставете ги состојките во блендер и јадете наутро на празен стомак, Се разбира, важно е да се напомене дека не можете да очекувате магични резултати по едно смути. За жал, за да видите поголеми промени, треба да ја смените вашата исхрана, но и да воведете физичка активност,

escort - Korsan taksi