„ВРВОТ“ МОЖЕ ДА СЕ ДОСТИГНЕ И БЕЗ СЕКСУАЛЕН ОДНОС И МАСТУРБАЦИЈА! Прочитајте како! ВООПШТО НЕ Е ТЕШКО!

24 јануари, 2022
117698_beauty-2481372-1920_f

Покрај вообичаената мастурбација, кулминацијата може да се постигне со дишење и размислување, без ниту еден допир.

Експертот за секс Барбара Карелас (52) тврди дека до оргазам може да се стигне само преку длабоко дишење, а таа својата вештина ја пренесува на други жени. Барбара вели дека на нејзиниот курс во Њу Јорк, жените лежат на подот, прават вежби за дишење и затегнуваат мускули.

Трејси Кларк Флори, новинарка која ја испробала терапијата на Барбара Карелас, вели дека навистина имала „подлабоко вонтелесно искуство“, како што го нарекува „учителката“, но исто така е скептична, прашувајќи се дали тоа е предизвикано од сексуално возбудување или хипервентилација.

– За време на сесијата, Барбара ја замолува жената да легне на подот целосно облечена и со раширени нозе и да ги следи нејзините упатства за должината и интензитетот на здивот. Замавнување на колковите напред и назад и правење силни звуци може да помогне во тој процес – рече Трејси, додавајќи дека и изведбата на Кегеловите вежби помага.

Трејси вели дека доживеала оргазам со длабоко и брзо вдишување и задржување на здивот додека го притискала телото на подот. Го опиша својот оргазам како „длабоко вонтелесно искуство“ кое се состоело од тапост, грчеви на прстите и сува уста, а после тоа таа не можела да се помрдне од подот цели десет минути.

Техниката на Барбара Карелас била инспирирана од терапија популарна во 70-тите години на минатиот век, кога се верувало дека луѓето можат да живеат низ трауматични животни искуства преку дишење. Иако ниту една научна студија не ја потврдила ефективноста на овие терапии, некои студии покажаа врска помеѓу дишењето и сексуалната возбуда.

Истражувањето, спроведено од клиничкиот психолог Синди Местин, открило дека жените кои хипервентилираат (длабоко дишат) пред да гледаат еротски филм, покажуваат значително повисоко ниво на возбуда на гениталиите, за разлика од жените кои не дишеле длабоко и брзо пред да го гледаат филмот.

escort - Korsan taksi