ЗА ПОГУСТА КОСА И ЗАТЕГНАТА КОЖА: Направете моќен домашен препарат, се зема 1 лажица пред јадење

2 април, 2021
linseed-oil-wood-finishing

Лененото семе е богато со омега 3 масни киселини, за кои е докажано дека промовираат побрзо заздравување на раните, но исто така има корисен ефект врз нега на кожата. Исто така, лененото семе содржи линолеинска киселина, која е важен градежен блок на епидермисот. Лененото семе е одличен извор на витамин Е и витамин Б комплекс (рибофлавин, ниацин, тиамин, пантотенска киселина, витамин Б6 и фолати). Витаминот Е е многу важен во заштитата на кожата и мукозните мембрани од штетните ефекти на слободните радикали.

Исто така, лен се препорачува за нега на коса поради изобилството на витамини што ги содржи. Овој рецепт исто така користи лимон, кој содржи лимонска киселина, витамин Ц, магнезиум, калциум, флавоноиди и пектини, кои имаат корисен ефект врз нега на косата.

Природата ни подари бројни подароци за нега на убавината и здравјето, а еве како да направите пијалок за подобар квалитет на косата и поубава кожа:

Linseed - Senes Trade SDN BHD - ecplaza.net

Состојки:

200 ml масло од ленено семе
3 помали главици црн лук
4 средни лимони
1 кг природен мед

Подготовка:

Ставете ги лимонот и лукот во блендер (два излупени и два нелупени лимони). Додадете масло и мед. Мешајте додека не се формира компактна маса, а потоа истурете во стаклена тегла и чувајте ја цврсто затворена во фрижидер.

Земете една лажица од пијалокот три пати на ден пред јадење, а најдобро е да користите дрвена лажица.