ЗА СЕДУМ ДЕНА и ДО ПЕТНАЕСЕТ КИЛОГРАМИ: Жените се воодушевени од оваа диета, нема гладување

25 мај, 2021
dij

Само здрави и хранливи намирници.  

Ако сте подготвени да ослабете, но не сте подготвени за ригорозна диета, ние ви ја претставуваме бразилската диета, која ви овозможува да изгубите тежина од критичните региони каде што се акумулираат најмногу маснотии, и сето тоа без гладување.

Првиот ден се консумираат само зелен чај, јаболко и 3 варени јајца.

Вториот ден го содржи истото мени со додавање на 100 грама говедско месо. На третиот ден се пие зелен чај и се јаде варено јајце за појадок, половина порција риба за ручек и варено јајце и порција салата за вечера.

Со ова темпо може да изгубите до 3 кг, но барем половина од тоа ќе се врати следниот ден. Затоа, нутриционистите препорачуваат да се одлучите за нормална бразилска диета за време на која можете да изгубите до 15 кг за само 4 недели.

Оваа диета ќе им користи на оние кои сакаат да јадат често, затоа што во нејзиното мени има простор за дури пет оброци, кои главно се состојат од овошје и зеленчук.

Самата диета нема да биде доволно ефикасна доколку не се вклучени одредени физички активности. Се препорачува секогаш кога имате можност да направите кратка серија вежби за истегнување или да одите на работа пеш или со велосипед наместо со автомобил.

На овој начин, ќе го забрзате метаболизмот и ќе му помогнете на вашето тело да согорува дополнителни калории, кои најмногу ќе се рефлектираат во пределот на стомакот и бутовите.

Мени на бразилската диета

Како што веќе споменавме, менито е составено претежно од овошје и зеленчук, што може да доведе до недостаток на протеини. Затоа, нашиот совет е експерт да креира индивидуален план на исхрана кој ќе биде прилагоден на вашиот животен стил. Најважната работа на која треба да се придржувате е ритамот на вашата исхрана, односно секој оброк треба да биде секој ден во исто време. Пет оброци рамномерно распоредени ќе ви помогнат да не чувствувате глад, а бројните витамини и минерали содржани во храната што ја консумирате ќе го зајакнат вашето тело.

Во продолжение следи пример за 7 – дневно мени:

ДЕН 1.

Појадок: Портокал, банана и шолја сок од портокал.

Ужина: Чаша сок од портокал и парче тост.

Ручек: 100 гр варена риба и 100 гр зеленчукова салата (домат, зелена салата, краставица, пиперка, ротквица).

Вечера: Исто како и појадокот.

Ужина после вечерата:  Чаша сок од портокал и мало парче тост или интегрални крекери.

dijeta

ДЕН 2.

Појадок: варено јајце и шолја сок од јаболко.

Ужина: Мало парче тост и чаша сок од јаболко.

Ручек: 100 гр варено месо, 2 варени компири со средна големина и половина порција зелена салата.

Вечера: 200 гр варена риба, варено јајце, порција зелена салата и малку грашок.

Ужина после вечера: Чаша сок од јаболко и парче тост.

ДЕН 3.

Појадок: Чаша обезмастено млеко и парче тост.

Ужина: 100 гр нискомасно сирење.

Ручек: 100 гр ориз, 150 гр свежа салата од зелка со прелив од лимон и ситно сецкан магдонос.

Вечера: 100 гр варено месо, зелено јаболко и дел од зелена салата.

Ужина после вечера: Шолја сок од јаболко и парче тост.

ДЕН 4.

Појадок: Чаша сок од ананас и 60 гр ананас.

Ужина: Чаша сок од ананас и парче тост.

Ручек: 100 гр варено месо, парче нискомасно сирење и портокал.

Вечера: 2 варени компири, 150 гр салата од рендан морков со малку маслиново масло.

Ужина после вечера: Чаша сок од ананас и парче тост.

Dijeta

ДЕН 5.

Појадок: Чаша сок од јаболко и парче тост.

Ужина: јаболко и портокал со средна големина.

Ручек: 150 гр риба и два варени моркови.

Вечера: Чинија супа од зеленчук (или чинија крем супа од печурки) и мало парче интегрален леб.

Ужина после вечера: Чаша сок од портокал и парче тост.

ДЕН 6.

Појадок: Чаша сок од јаболко и парче тост.

Ужина: Салата од варено рендано цвекло со малку растително масло и благи зачини.

Ручек: Чинија супа од зеленчук и парче леб.

Вечера: 100 гр пржени печурки, 100 гр салата од свеж зеленчук по желба.

Ужина после вечера: Шолја сок од јаболко и две бисквити.

ДЕН 7.

Појадок: Банана и една шака суво грозје.

Ужина: Чаша сок од морков и парче тост.

Ручек: 100 гр варено месо, 100 гр свежа салата од зелка, зелен кромид и сок од еден лимон.

Вечера: Рибја чорба, 100 гр овошје и четири листа зелена салата.

Ужина после вечера: Чаша сок од јаболко и две суви смокви.

escort - Korsan taksi