ЗАБЕЛEЖУВАТЕ ДЕКА ВАШИОТ ВИД ПОПУШТА: Не се виновни годините! Проверете колку шолји кафе пиете дневно

10 јуни, 2021
Screenshot 2021-06-10 172838

Прекумерната консумација на кафе може да доведе дури и до слепило

Повеќето луѓе не можат да замислат да го започнат денот без шолја утринско кафе. Овој ритуал има и психолошки ефект – ни помага со лесен ритам да тргнеме во сите обврски што нè очекуваат. Сепак, овој омилен пијалок не се препорачува за секого, а исто така треба да ја земете предвид и количината која се внесува.

Студија објавена на Харвард покажа дека кај мажите и жените кои пијат три или повеќе шолји кафе на ден, во голем процент се јавуваат проблеми со видот.

Лекарите ја поврзаа прекумерната потрошувачка на кофеин со развојот на ексфолијативен глауком – нарушување на видот кое погодува околу десет проценти од луѓето постари од 50 години, па дури може да доведе и до слепило.

Најризична група се жените кои имаат пријавено случај на глауком во семејството, па ако пијат повеќе од три шолји кафе на ден, ризикот од добивање ексфолијативен глауком се зголемува до 66 проценти.

Лекарите ги советуваат луѓето кои страдаат од глауком да престанат да пијат кафе.

„Интраокуларниот или окуларниот притисок се зголемува кај оние кои имаат глауком кога консумираат кафе, затоа се препорачува да се ограничи или избегне потрошувачката, но потребни се дополнителни истражувања“, вели д-р Планелс.

Околу 70 милиони луѓе во светот страдаат од глауком, од кои шест и пол милиони се слепи. Оваа болест најчесто се открива случајно, бидејќи нема симптоми. Најголемиот фактор на ризик за глауком е покачениот интраокуларен притисок.

escort - Korsan taksi