Заборавате каде ги оставате работите, не се сеќавате на информациите? 5 начини за подобрување на меморијата

29 март, 2021
mozak-830x0

Вака се тренира помнењето  

Дали постојано заборавате каде ги оставате работите и ви е тешко да се сетите на информациите што ги прочитавте утрово? Време е да започнете да го тренирате вашето помнење

Не е потребно да се вршат специјални вежби за подобрување на меморијата. Експертите нудат едноставни техники кои можете лесно да ги прифатите, што ќе ви помогнат да го подобрите вниманието, помнењето и концентрацијата.

Запомнете пред да изгуглате

Интернетот ви помага кога треба да го споменете името на авторот на книгата или некој друг факт. Сепак, толку сме навикнати на „Гугл“ што доведува до таканаречена „дигитална амнезија“.

Дигитална амнезија

Сара Медник е когнитивен научник и верува дека не треба секогаш да се потпирате на интернетот.

– Мозокот е машина што или ја користите или ја губите. Кога памтиме информации, а потоа ќе се сетиме на нив по некое време, го активираме хипокампусот и префронталниот кортекс – области на мозокот тесно поврзани со помнењето. Ако се обратиме на Гугл секој пат, овие области ќе ослабнат – вели Медник и советува дека следниот пат кога не ќе можете да се сетите на нешто, сепак имајте доверба во мозокот и ќе му дадете шанса да ви даде точен одговор.

Колку повеќе размислувате за нешто или пробувате нови пристапи, толку повеќе го ангажирате мозокот, вели Сара Медник.

Обидете се да отспиете

Сонот е оној кој што сè што сме научиле вчера претвора во вистинско знаење. Добриот сон не може да го замени ништо. Сепак, Медник тврди дека дури и час и половина сон во текот на денот не прави поефикасни, креативни и подобро фокусирани на работата. Затоа памтиме полесно и побрзо во текот на денот.

Вежбањето е клучот за успехот

Една мала студија спроведена во 2019 година покажа дека луѓето кои вежбале најмалку 30 минути на ден на стационарен велосипед, се сеќаваат на имињата подобро од оние кои не го правеле тоа. Д-р Гери Смол забележува дека вежбањето е исклучително добро за нашиот мозок.

– За време на вежбање, крвта, заситена со кислород и хранливи материи, го храни нашиот мозок. Вежбањето исто така го стимулира телото да произведува протеини, кои имаат стимулирачки ефект врз мозокот – вели д-р Смол.

Заборавете на мултитаскингот

Изведување на неколку активности одеднаш прави да се чувствуваме попродуктивни. Но, нашиот мозок не е прилагоден на мултитаскинг. Значи, ако ви заsвони телефонот за време на состанок и одговорите, ќе ви биде тешко да се сетите што сте кажале пред повикот.

– Мозокот не е навикнат да се фокусира на неколку задачи одеднаш. Правиме повеќе грешки, што не прави помалку ефикасни – вели д-р Смол.

Подобро е да се фокусирате на ефикасно извршување на која било задача или групирање на слични задачи. За да го направите ова, прво мора да го отстраните телефонот дури и од видното поле, бидејќи го одвлекува вниманието од работата.

Нахранете го мозокот

Добрата исхрана влијае позитивно на нашата способност да запомниме. Бобинките богати со антиоксиданти ја подобруваат циркулацијата на крвта и спречуваат стареење на нашите неврони.

Цвеклото не само што ја подобрува циркулацијата, туку е богато и со бетаин – супстанца што ја подобрува меморијата.

Куркумата, исто така, позитивно влијае на помнењето и вниманието. Експертите веруваат дека можеби поради употребата на големи количини на овој зачин, зачестеноста на Алцхајмерова болест во Индија е помала.

Психологот Сузан Алберс исто така предупредува дека гладувањето многу лошо влијае на вниманието и можноста за донесување одлуки. На нашиот мозок му треба гликоза за ефикасно работење.